Досадно ви е на работа?Сакате да дадете отказ?-Еве како повторно да се заљубите во вашата работа!

Се досадувате од 9 до 5? Пред да дадете отказ, пробајте со овие тактики кои можат да ви ја спасат вашата кариера.Потсетете се на возбудата која за прв пат дојдовте на вашето сегашно работно место. Влеговте во работната просторија трудејќи се да зачекорите најсамоуверено што можете. Им се насмевнувавте на сите со желба да оставите позитивен впечаток. Бевте подготвени да работите и прекувремено а идеите ви доаѓаа без ниту малку труд. Едвај чекавте да дојде понеделник да продолжите со вашиот план за успешна кариера. Некогаш навистина ја сакавте вашата работа, зарем не?
Но денес денес на многумина тој ден после викендот не им е толку инсприративен како порано. Шефот повеќе не е така мил и добар. Колегите ви се досадни и веќе не можете да ги слушате нивните љубовни проблеми. И така, подготвени сте да ја промените работата доколку ви се пружи нешто подобро.

Пред да направите нешто прочитајте го ова…
Искрен разговор
Најдобар начин за повторно да започнете да се чувствувате исполнето во професионална смисла да разговарате со своите претпоставени. Закажете состанок и потрудете се да на отидете полни со негативности, наместо тоа претворете го вашиот проблем во нешто позитивно. Смислете една или две супер задачи кои би сакале да ги направите. Тоа нека ви биде главна тема. Ако тоа е нешто што на вашиот шеф ќе му го направи животот поедноставен можно е да го прифати вашиот предлог.
Дружете се со луѓето
Состаноците со новите колеги може да ви донесе свежина во вашиот професионален живот. Пријавувајте се за позиција на координатор на нови тимски проекти. Такви и слични улоги повторно ќе ви разбудат интересирање, што е воедно и добар начин да привлечете внимание на вашите надредени.
Направете преокрет со нешто ново
И понатаму ја сакате компанијата во која работите, но често „се фаќате“ себе како фантазирате за работата на вашиот колега/колешка? Можеби можете да побарате дозвола за нешто ново во вашата работа. Секако тоа можеби нема секогаш да биде изводливо, но барем можете да му споменете на вашиот шеф.
Потсетете се на некогашните чувства
Ако сте заборавиле како сте се чувствувале на почетокот, набројте некои свои три квалитети. На пример- Стручњак сте за табели, темелни сте, одлично ја организирате вашата работа и сл. И следниот пат кога некои од вашите колеги ќе има проблем, понудете помош безусловно. Така повторно ќе се почувствувате корисни и горди на себе.Потсетете се на возбудата која за прв пат дојдовте на вашето сегашно работно место. Влеговте во работната просторија трудејќи се да зачекорите најс

Пронајдете не на следниве мрежи: