Сега веќе далечната 2001 година, време во кое се водеа жестоки политички игри, обиди за редефинирање на Македонија, времиња во кои се истакнаа Македонците кои на крајот беа предадени од бизнис интересите на Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Борис Трајковски и Владо Бучковски, многумина се обидуваат да ја избегнуваат и минимизираат поради некаква „политичка коректност“ кон политичарите кои произлегоа од редовите на терористичката УЧК на чело со Али Ахмети и неговите денес сопартијци тогашни соборци.На својот ФБ профил политичкиот аналитичар Александар Пандов објави снимка која досега не била објавена во јавноста, зборувајќи за реалноста на моментот во 2001 година, кога бранителите беа ставени на маргините на општестото, понижувани од државата на чие чело тогаш беше СДСМ со Бранко Црвенковски и Љубчо Геогиевски.
„Средувајќи си ја видео архивата дојдов до видео лента стара точно 15 години. Видео кое е снимено додека траеше транспортот од тренинг центарот во Идризово и распоредувањето на Единицата за Брзи Интервенции Лавови во тетовските села Жилче, Ратае и Јегуновце, во сега далечната 2001 година, а со цел одбрана на населението од нападите на КЗК. Се обидов да го пронајдам видеово на јутуб надевајќи се дека веќе некој го има споделено, но не го најдов. Одтука го закачив интегрално. Нормално се вратија сеќавањата на тогашните настани. На мојот брат, другар и никогаш не преболен Командант мајор Горан Георгиевски – Мујо, на генералот Стојков, на Командант Брада ( Saso Lazarovski ), на Командант Маче, на Командант Дракче ( Dragan Kimovski), Командант Миле Спасев и на сите мој браќа бранители и македонски синови кој беа спремни да го дадат својот живот во одбрана на нашата татковина, Македонија. Ми текна и на тогашните “шарени” и нивните команданти: Командант Хањоти, Командант Платамона, Командант Сивири. Тогаш, таа 2001 година тогашниот косопственик и уредник на дневниот весник Дневник, Бранко Геровски, како докажан “професионалец” во новинарството, “човек кој цени само вистинита и објективна информација”, ценеше дека тоа што двајца актуелни пратеници и членови на ИК на ВМРО се на првата борбена линија не е никаква вест, па во тогашните изданија на Дневник нема да најдете ниту еден ред за тоа. А, за разлика од него тоа беше вест за BBC, неколку грчки медиуми, сите балкански и неколку европски медиуми. Но, затоа за него и таквите ко него секое подзакашлување на пратеникот Хисни Шакири беше доволен повод да се оди до Липково. Да не зборувам за Али Ахмети, ако и пувне во Шипковица. Секако дека предничеше по истурањето на целиот свој гнев и омраза кон секој кој ќе покажеше патриотско чувство. На сите нив омилени им беа Лавовите. Се степал некој, лав бил, собраќајка, повторно лавовите биле, семејно насилство, сигурно бил лав. Па така портпаролката на УЧК Ермира Мехмети стана омилена ѕвезда во македонските медиуми, а портпаролот на лавовите, братот Тони Михајловски најомрзена. Се обидоа после 2002 да не остават без леб, а почнаа и со физичка елиминација, Горан Георгиевски – Мујо, Диме Поштарот … Многу, многу години се 15. Многу вода одтогаш има поминато низ реката Вардар. Многу пати сонцето и месечината го имаат одиграно својот танц на небото. Македонците и албанците се многу попаметени за разлика од таа 2001 за да им биде дозволено на Верушевски, соросовите платеници и СДСМ, повторно ја втурнат Македонија во војна. Била и никогаш се не повторила. Верувам дека нема потреба да нагласувам дека ако недај боже треба, сите сме тука за татковината спремни. Тие нетрпливите ги поканувам да погледнат на 15:30 и 29 минута“.
За храбрите но наивни борци, предадени од сопствената држава пишува и Миленко Неделковски:
На својот ФБ профил политичкиот аналитичар Александар Пандов објави снимка која досега не била објавена во јавноста, зборувајќи за реалноста на мом
Пронајдете не на следниве мрежи: