Турската новинска агенција Анадолија објави видео снимка од нападот на хотелот во Мармарис во кој отседна турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган за време на обидот за воен удар.Специјалните полициски единици на југозападна Турција запленија оружје и воена опрема од припадниците на војската кои го извршија нападот на хотелот, пренесува агенцијата.
Опремата која вклучува гранати, шлемови, ноќни визири, пушки и митралези е пронајдена во шума во близина на хотелот Гранд Јазици Мармарис, каде што Ердоган бил во моментот кога е извршен обидот за воен удар.
Како што соопштуваат турските власти операцијата за заробување војници кои биле во хеликоптерот и го нападале хотелот во петокот набрзо откако Ердоган полета за Истанбул е сѐ уште во тек.
Не е јасно дали опремата е оставена на местото по нападот, или таму била и за време на нападот, пишува Анадолија.
Турскиот претседател во моментот на избивање на пучот се наоѓал во хотелот од каде со авион замина за Истанбул, а претходно го повика народот да излезе на улиците и на плоштадите за заедно да се спротивстават на обидот за државен удар. Непосредно откако Ердоган го напуштил хотелот објектот бил мета на воздушен напад кој го извеле маскирани војници со воени хеликоптери.
[Video] Marmaris'te çok sayıda silah bulundu https://t.co/Y3VQYbfcA9 pic.twitter.com/iosMsecC3s
— ANADOLU AJANSI (@anadoluajansi) July 18, 2016Специјалните полициски единици на југозападна Турција запленија оружје и воена опрема од припадниците на војската кои го извршија нападот на хотело