Досега се собрани околу 39 милиони денари за загрозените од поплавите

Црвениот крст на РМ досега до граѓаните од загрозените подрачја од неодамнешното невреме дистрибуирале 27.028 пакети со храна, 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 11.619 литри млеко, 15.422 литри јогурт, 3.765 пакети со хигиена, 558 бебешки пакети, 215 тони вода, 732 пакети пелени, 556 душеци, 4.128 кебиња, 600 кг облека, 491 парчиња чизми, 332 лит дезинтал. Укажани се 123 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст. Досега на телефонските линии и на жиро сметката на солидарниот фонд се собрани околу 39 милиони денари.– Во четирите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ, Партение Зографски и Фон Интернат каде се сместени 310 лица дистрибуираме дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите. Екипите на Црвениот крст доставија камион со помош во храна и хигиена за поплавените во Тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец, се вели во денешното соопштение од Црвениот крст на РМ.
Оттаму посочуваат дека за дополнителни информации граѓаните може да се јавуваат и на телефон на Црвениот крст 02/3139578.
– Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 8 до 18 часот. Телефон за контакт во магацините е 02 3 096 227, информираат од Црвениот крст на РМ.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, на која досега се собрани 26.270.940 денари, како и со донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400, на кои до сега се собрани 12.932.500 денари.
Акцијата на собирање на средствата ќе трае 15 дена од денот на отварање на сметките на 7 август, а дали ќе биде продолжена ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од полавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен.
Средства може да се донираат и во странска валута:
Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSSBank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJEBank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIABank account: 300000000000133 25730522-11Swift code: KOBSMK2XIban Code: MK07300701000001228.– Во четирите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ, Партение Зографски и Фон Интернат каде се сместени 310 лица дистрибуираме дополнителна

Пронајдете не на следниве мрежи: