Досието на Вмро Дпмне ја доразбранува јавноста со денешното објавување

Денес во домот на Арм, „Институтот Димитрија Чуповски“, најде потреба да одржи трибина на тема лустрација, се со цел да се исчистат црните дамки во минатото, така што нашето општество ќе се движи во вистинско демократско општество, во кое ќе се почитуваат верата, нацијата, полот и сте основни човекови права.
– „По дефиниција на нештата јас денеска не би требало да бидам тука, јас со политика се занимавам во новиот демократски македонски политички систем, што значи дека ако Македонија расчистеше со комунистичките методи на следење и на малтретирање на политичките неистомисленици во 90-тата година, јас денеска немаше да бидам тука, изјави на денешната трибина  насловена „Лустрација отскочен процес кон прочистено општество“ Филип Петровски.


Со ваквите методи, е продолжено најмалку до 1998, а тоа може да се види како што изјави тој во досијеата донeсени со законот во 2000.
– „Минатата недела се појавија одредени недоразбирања, односно се подгреа јавноста за тоа што одредени учесници од онаа страна на процесот, значи луѓе кои што нарачувале се обидуваат да се претстават денеска како жртви и се обидуваат овој процес да го прогласат за нехуман, односно како непотребен. Во 2001 година јас како пратеник поднесов едно огромно досие во Собранието на Република Македонија. Тоа досие има коден назив „Темел“, а се однесува на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. Тоа се документи кои што јас ги поднесов во Комисијата за човекови права и слободи и побарав Комисијата да се произнесе дали се направени прекршувања на законот, односно дали се прекршени правата за политичко делување на партијата ВМРО – ДПМНЕ“, информираше Петровски.
Директорот на Државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски пред присутните го покажа обемното досие „Темел“ .
– „Кај нас досиејата не се водеа само до 1991 година значи од страна на тогашната еднопартиска комунистичка власт, тие досиеја продолжија да се водат и по 1991 година во една демократска, самостојна и независна Република Македонија. Докази за водењето на таквите досиеја имаме многу во Државниот архив. Има такви прекршувања на слободите и правата не само на граѓаните, туку и на легално пројавените партии во Република Македонија“, рече Тодоровски.
Тој посочи дека ова е досие кое СДСМ од 1995 до 1998 година секојдневно го снимала седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.
На самиот крај, Директорот на Државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски, ја информира јавноста дека во идниот период Државниот архив на Република Македонија ќе ги објави досиејата од попознатите жртви на поранешниот режим, во кое ќе се најдат досиеја на Ѓорѓи Доцев , Коста Терзиев, и сите оние кои ќе дадат согласност за тоа. Кингата ќе биде со наслов „Црната книга на УДБА“

Пронајдете не на следниве мрежи: