Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на т.н.Балканска рута за мигрантската криза, туку и во врска во Австрија и со Германија, нагласи австрискиот министер за одбрана и спорт Ханс Петер Доскоцил по денешната средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски.Министер Јолевски на прес-конференцијата по тет-а-тет средбата со неговиот австриски колега Доскоцил потенцира дека внимателно се следи развојот на ситуацијата со мигрантската криза и се прават анализи за она што се случува во поширокиот регион, во Сирија, Ирак и во Турција.
– Како АРМ и како Влада на РМ имаме стратегија за справување со мигрантите по затворањето на т.н. Балканска рута. Пред неколку дена ГШ на АРМ до мене достави нова стратегија во која се вклучени и други опции и АРМ е целосно подготвена за справување со оваа мигрантска криза, рече Јолевски и додаде оти се прави координација со, како што подвлече, партнерите и пријатели од ЕУ.
На прашање на австриските новинари дали се очекува ескалација на границата ако Грција го затвори кампот Идомени, Јолевски одговори дека мигрантската криза придонесе за зајакнување на контактите и соработката со Грција.
– Добро е мигрантите кои се во Идомени да се префрлат во камп каде што има подобри услови за нивен престој и сигурен сум дека грчките власти тоа соодветно ќе го направат, појасни Јолевски и додаде оти кризата се која се соочуваме е толку голема што упатува на соработка и ниту една земја која беше на т.н. Балканска рута, подвлече, не може самата да ја реши.
Јолевски и Доскоцил информираа дека по средбата во Виена минатата недела се подготвува заеднички документ со заеднички ставови на земјите од т.н. Балканска рута за надминување на мигрантската криза, документ што австрискиот министер за одбрана ќе го презентира на министерскиот состанок следната недела во Луксембург.
Централна тема на разговорите на денешната тет-а-тет средба на министрите Јолевски и Доскоцил била справувањето со тероризмот и значењето на заканите од терористички напади што постојат во Европа. На средбата Јолевски информирал и за приоритетите во надворешната политика на Република Македонија, а тоа е интеграцијата во ЕУ и во НАТО, но и за реформите кои се одвиваат за оваа цел.
Доскоцил порача дека не треба да ги затвораме очите пред можните терористички закани и повика на поинтензивна соработка на биалтерално и на мултилатерално ниво, како и институционална соработка за справување со ова прашање.
– Се согласивме дека во рамки на поширокиот Балкански регион постојат тенденции за радикализација и треба понтензивно да работиме во врска со таа тема, не само на ниво на соработка на институциите, туку и со размена на информации во рамки на тие институции, рече Доскоцил.
Министерот за одбрана Јолевски меѓу другото истакна дека односите меѓу двете земји се на многу високо ниво, а соработката во одбраната зазема многу високо место. Тој информира дека во Виена минатата недела е потпишана годишна програма за соработка меѓу министерствата за одбрана, во која се наведени голем број активности.
На денешната прес-конференција беше презентиран еден од 15-те визири за ноќно набљудување, кои Австрија ќе и ги донира на АРМ.
Во текот на денешниот престој во Република Македонија, Доскоцил го посети полкот за специјални операции во скопската касарна „Илинден“.Министер Јолевски на прес-конференцијата по тет-а-тет средбата со неговиот австриски колега Доскоцил потенцира дека внимателно се следи развојот на