Шарената револуција во Македонија ги погодува граѓаните од сите области, бидејќи постапките и уништувањето на објектите и спомениците излегоа вон контрола.Актерката Јелена Жугиќ одлучи да напише статус на нејзиниот Фејсбук профил по повод случувањата во Македонија.
Ви го пренесуваме во целост:
„Драги мои пријатели и непријатели,
очигледно шаренилото на шарените соросови антимакедонски револуционери им станува здодевно (читај монохроно), а гладта за внимание никако да ја задоволат, па инспирација почнаа да бараат во коментари на ФБ статуси на луѓе кои не се нивни истомисленици! Не еднаш сум била мета на истите, од причина што моето име во нивните натписи собира лајкови!
Вака сега: Во секое демократско општество полицијата превзема разни мерки со закон регулирани за разбивање на толпи демонстранти кои своето незадоволство го искажуваат со рушење на јавниот ред и мир,со демолирање на јавните општествени добра!
Употребува водени топови, гумени куршуми…приведува, а судот казнува парично или со мерка притвор/затвор итн.
Кога сме кај гумените куршуми јас прашав, а воедно и потсетив дека се изгласани за употреба во Собранието на РМ! Тоа што нашата велам НАШАТА полиција не превзема никакви мерки за да го спречи дивеењето, општата журка со боички низ градов е повеќе од алармантно!
Мили шарени антимакедонски демонстранти не се плашете од гумени куршуми, некаде длабоко се тие скриени и еве јавно го ОТПОВИКУВАМ своето прашање каде се?
Плашете се од можноста лице в лице да се најдете со нашите насмеани лица, кога фатени за раце без камења и дневници по џебовите ќе ги браниме обележјата на нашиот национален идентитет! И за крај едно прашање до сите нас – што кога од другата страна ќе видиме наш роднина, пријател, колега?!? Бидете поздравени, Божја милост за сите нас, Македонија вечна!“Актерката Јелена Жугиќ одлучи да напише статус на нејзиниот Фејсбук профил по повод случувањата во Македонија.
Ви го пренесуваме во целост: