ДОСТА ОД ЛАЖНАТА НАДЕЖ: Ваквите мажи никогаш нема да се променат!

Освестете се и сфатете дека ваквите типови на мажи не се ни вредени за споменување.Доколку  покрај вас има маж кому секогаш нешто му недостасува, негодува, љубомори, зборува за поранешната и не е баш сигурен во себе, бегајте од него, што можете подалеку. Неговото однесување дефинитивно ќе ви ја упропасти врската, а вие ќе издржите покрај него, само ако сакате да го казните поради нешто. Ова се некои од однесувањата кои баш и нема да ви одат во прилог.
Поранешната девојка
Мислите дека може да ви биде потенцијално момче, но излегува дека неговата поранешна и понатаму му го држи срцето во раце. Како да препознаете таков маж? Лесно. Се го потсетува на неа и постојано ја споменува. Најдобро е ваквиот маж да го напуштите, веднаш.
Негативност
Од птиците кои пеат, до редот во банката, на овој маж му смета апсолутно се и на се се жали. Секој пат кога сте со него чувствувате дека над вас има облак со дожд, кој нема намера да застане. Но вие треба да застанете и да исчезнете.

 
Сака да контролира
Ова е еден од најлошите видови мажи, оној кој постојано обвинува некои други. И патот до продавница за него е потенцијална прилика за неверство, а најлошо е што никогаш нема да си ги намали стравовите.
Забрана за машки пријатели
Ова е маж кој не сфаќа дека љубомората е слатка само во мали дози. Можеби ви верува, но ги мрази вашите машки пријатели, за кои тврди дека не ви се пријатели и дека имаат скриени намери, па дури и оние кои се зафатени.
Нема да се повтори
Тој си игра со вашите емоции, лаже, можеби и изневерува, но важно е што секогаш кога ќе згреши ја изговара едната иста реченица „нема да се повтори“. Но за жал, секогаш ќе се повторува, се додека вие не одлучите дека е доста.Доколку  покрај вас има маж кому секогаш нешто му недостасува, негодува, љубомори, зборува за поранешната и не е баш сигурен во себе, бегајте

Пронајдете не на следниве мрежи: