Предлог-буџетот за 2017 година е доставен до Владата на Република Македонија и се очекува во текот на денешниот ден или утре Владата да одржи седница на која ќе расправа со цел финално да го усвои и потоа да го прати во собраниска постапка.Ова го истакна портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција.
Тој посочи дека како и досега чинот на усвојување на Предлог-буџетот ќе биде транспарентен, а министерот за финансии Кирил Миновски ќе ги образложи приоритетите и конструкцијата којшто го предлага за наредната година.
Нагласи дека ќе следи и прес-конференција од страна на министерот за финансии по усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата.
Прашан каков е ставот на Владата за предлогот на СДСМ за воведување двојазичност на целата територија на Македонија, Ѓорѓиев рече дека Владата нема расправано за најновата иницијатива на СДСМ.
– Но, имајќи ја во предвид позицијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која е главна, носечка, стожерна партија во владината коалиција, овој предлог којшто го истакна СДСМ за двојазичноста не би поминал на владина седница во ваков состав, рече Ѓорѓиев.Ова го истакна портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција.
Тој посочи дека к