Довербата на италијанските потрошувачи се помрдна од најниското ниво

Довербата на италијанските потрошувачи закрепна во февруари од рекордно ниското ниво во изминатиот месец, но и натаму е на многу ниско ниво, во пресрет на парламентарните избори, покажаа податоците објавени во петокот.Државниот завод за статистика ISTAT објави дека индексот на довербата на потрошувачите во февруари пораснал на 86,0 поени, од 84,7 поени колку што изнесуваше во претходниот месец.  Јануарската вредност е ревидирана благо нагоре, од почетно проценетите 84,6 поени, но и тоа е најниско ниво од 1996 година од кога се мери индексот.Вредноста на индексот во февруари е осетно поголема од проценката на економистите кои ги анкетираше Reuters, проценувајќи го индексот на 84,8 поени.
МакфаксДовербата на италијанските потрошувачи закрепна во февруари од рекордно ниското ниво во изминатиот месец, но и натаму

Пронајдете не на следниве мрежи: