Општо познат факт е дека обемот на половината и стомакот укажуваат на состојбата во која се наоѓа вашето тело.Ако стомакот ви е поголем, а не станува збор за надуеност, постојат големи шанси да се работи за дебелина.
Како да знаете кога е премногу?
За овој тест ви се потребни 30 секунди, а тој ќе ги реши сите дилеми дали имате зголемена телесна тежина.
Земете јаже кое е долго онолку, колку што сте високи. Потоа, јажето превиткајте го на пола. Ако може да го заврзете околу половината, тогаш имате здрава килажа.
Ако краевите на јажето само се допираат или не се допираат воопшто, тогаш е крајно време да почнете со диета.


