Едвард Сноуден, виновникот зад протекувањето на документите на американската национална служба за безбедност доби азил во Венецуелаво петокот. Штом почувствува дека полека стапнува на сигурно тло, Сноуден реши да сподели со светот ексклузивни тајни владини документи кои ги сподели со „The Internet Chronicle”.
Критичарите претпоставуваа дека она што 30-годишниот поранешен ЦИА и НСАагент, Сноуден го знае за „нашите пријатели од другите планети“ е она што веќе е општо познато од сите. Сепак, скеновите од GPR радарот кој од „The Internet Chronicle” ги објавија и потврдија дека се поврзани со друга интелигенција, ќе послужат за добро да ги размрдаат верувањата на луѓето.
А, сведочењето на Сноуден гласeше вака:
„Највисоките врвови на владите не знаат што да прават во врска со неидентификуваните летачки објекти, а во нивните приказни дека тие се балони за мерење на атмосферските промени или природни феномени повеќе никој не верува. Пред сè овие документи зборуваат за објекти кои се контролирани од интелигенција поразвиена од нашата. Испадна дека најверојатните и непобитните забележувања на летачки објекти биле забележани како заминуваат од површината на морето на местата на хидротермални вентили и како директно влегуваат во соларните орбити..“
„Бидејќи системите за следење на ракети и сонарите во длабоко море се државни тајни, научниците немаат достапност до информации во врска со објектите. Сепак, голем дел од агентите на ДАРПА знаат и веруваат во тоа дека постои вид поинтелигентен од хомо сапиенс во внатрешноста на земјата. Доколку размислите, ова е логично, бидејќи под Земјината кора е единственото место каде условите за живот се стабилни повеќе милијарди години. Екстремофилите можат да живеат на различни температури од нас, а успеале да преживеат и развијат интелигенција со забрзан развој. Тоа не е вистина, тие едноставно се развиваат со исто темпо, но без многу од нештата кои го успоруваат Земјиниот живот и развој..“
„Претседателот на САД добива дневни извештаи за НЛО активностите. Аналитичарите веруваат дека технологијата е развиена до тој степен што имаме многу мали шанси за преживување било каква војна во иднина. Генералната слика е дека ние сме само мравки гледано од нивна перспектива, па затоа не постои можност тие да сочувствуваат со нас или да се обидат да комуницираат со нас. Од таа причина, моменталните планови се да се детонираат нуклеарни оружја во длабоки пештери за да се поттикне непријателот кој немаме никаква намера да го уништиме да запре со понатамошни напади.“ Едвард Сноуден, виновникот зад протекувањето на документите на американската национална служба за без