Доза наука и култура: Човекот на кого му се воодушевуваме-Стивен Хокинг

Стивен Хокинг е современ научник познат по своите идеи за просторот и времето. Овој британски физичар е роден во Оксфорд, а студирал на Кембриџ каде и денес работи како професор. Додека бил студент, добил многу прогресивна невромоторичка болест која му го ограничувала движењето и говорот. Станува збор за амиотрофличната латерална склероза, болест која ги парализира нервите. Докторите му рекле дека уште малку време живот му останува, но за среќа овој научиник е и денес жив и ни го олеснува животот на сите нас. Токму поради тоа стана член на Кралското друштво. Тој не може да се движи ни да зборува, но добро се разбира со помош на компјутер. 
Стивен го започна проучувањето на општата теоријата на релативност и забележа дека теоријата на Ајнштајн не ја објаснува квантномеханичката природа на физиката и не е во состојба адекватно да ја опише гравитационите сингуларитети како црни дупки.

 
Во книгата „Кратката историја на времето“ која ја напиша тој ги соопштува своите идеи за просторот, времето и минатото на вселената oд Големата експлозија. А тоа беше и една од најпродаваните книги во 20-тиот век. 
Исто така, тој ја разви идејата за сингуларитет, неверојатно мало место во средината на црната дупка каде не важи ни еден закон на физиката. Неговата работа пружа цврст темел на идеи дека вселената настанала по големата експлозија, односно експлозијата од сингуларитете. 
Тоа што е во моментов актуелно е емисијата „Науката на Стивен Хокинг наука на иднината“ која е емитувана на National Geographic. Со професорот Стивен како водител, секоја епизода проучува одредена област и се ангажираат пет врвни научници кои активно ги тестираат новитетите и изумите. Екипата од научници се обидува да ги подобри луѓето, како и виртуелниот свет, високотехнолошките одговоти за итните случаи и уште многу од тоа. 
Со шиток спектар на примери, напредната роботика открива како науката го подобрува нашиот живот. Исто така, со користење на собраните заклучоци тиот проценува дали оваа година пронајдокот ќе биде прикажан за нас и кога ќе имаме корист од тоа,а  Стивен врз основа на тоа ги изнесува сите предвидувања за тоа како ќе изгледаат претстојните неколку години.
 Додека бил студент, добил многу прогресивна невромоторичка болест која му го ограничувала движењето и говорот. Станува збор за амиотрофличната

Пронајдете не на следниве мрежи: