Ако се двоумите каде да го поминете летниот одмор, Турција е дестинација број еден за ова лето. Фактот што оваа земја излегува на три мориња , Средоземно, Егејско и Црно Море и благата клима во текот на летните месеци, ја прават многу примамлива дестинација која секој турист со задоволство би ја посетил.
Големиот број на туристички градови и ресорти може да ја задоволат визијата за извондреден одмор на секој човек, како на оние кои се во потрага по незаборавен помин со пријателите, така и на тие што сакаат да поминат квалитетно и релаксирачко време со семејството.
Еден град кој особено би ве воодушевил е Кушадаси. Познат како Островот на птиците, овој град се наоѓа на брегот на Егејското море и е еден од најизградените туристички центри. На само 95 километри од големиот метроилитски град Измир, ова место ќе ве воодушеви со пријатната и топла клима, гостопримливоста на локалното население и големиот број на туристи од секој дел на светот.
Долгите песочни плажи, чистото море и историските знаменитости во стариот дел од градот го градат преубвиот пејзаж на Кушадаси. Изобилството од ресторани каде што може да пробате некои од турските специјалитети, кафетерии и богатиот ноќен живот со многу модерно уредени дискотеки му даваат дополнителен шарм на ова туристичко место.
Покрај уживањето на градската плажа или добро познатата женска плажа, за да ги доживеете во целост убавините на градот, не смеете да пропуштите да ги посетите градските ѕидини, островот на гулбите, џамијата Калечи и традиционалните турски села кои се наоѓаат на само 12 километри одалеченост од градот.
Доживејте ја Турција ова лето преку ова прекрасно место. Не дозовлувајте други да ви раскажуваат. За повеќе информации посетете го овој линк.Ако се двоумите каде да го поминете летниот одмор, Турција е дестинација број еден за ова лето. Фактот што оваа земја
Пронајдете не на следниве мрежи: