Поранешниот ММА борец Џон Копенхавер кој е познат како „War Machine“ е осуден на доживотен затвор во судскиот процес кој траеше три години. Тој брутално ја претепал, ја мачел и ја силувал својата бивша девојка Кристи Мек, која е некогашна порно ѕвезда.Како што пишуваат странските медиуми, бившиот ММА борец дури по 36 години ќе има право на скратување на затворската казна доколку добро се однесува.
Ваква остра мерка судот изрекол зашто во налет на бес ги претепал поранешната девојка и неговиот другар Кориј Томас па е суден за два обиди за убиство, но и вкупно 29 кривични и прекршочни дела кои ги направил за време на нападот на Кристи Мек и неговиот другар.
Како што пишуваат странските медиуми, бившиот ММА борец дури по 36 години ќе има право на скратување на затворската казна доколку добро се однесува