Апелациониот суд ја преиначи пресудата на велешкиот суд кој му изрече казна затвор 40 години.Пресудата на Основниот суд Велес е преиначена во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот со првостепената пресуда е огласен за виновен за три кривични дела убиство, се осудува на казна доживотен затвор – стои во писменото соопштение на Основен суд Велес.
Одлуката на апелациониот суд следи откако на првостепената пресуда се жалеше велешкото јавно обвинителство.
Во текот на судењето Тони Станоев рече дека се кае за стореното дело.
За оштетените одуката на велешкиот суд беше скандалозна и најавија дека ќе поднесат жалба на истата.
Во телефонски разговор оштетените за Канал 5 велат дека одлуката на Апелација им ја враќа вербата во правниот систем.
Веруваат дека доживотен затвор за Станоев ќе потврди и Врховниот суд.
Инаку, трикратното убиство во Кавадарци се случи во ноември 2014-та година. Станоев со пиштол смртно ги застрела родителите и сестрата на сопругата во нивната семејна куќа.
Пресудата на Основниот суд Велес е преиначена во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот со првостепената пресуда е оглас