Мнозинството од зависниците од мобилните телефони го држат младите девојки, тинејџерки и студентки, а истражувањата покажале дека се` поголем број од луѓето во средните години исто така стануваат зависници.Паметните телефони, таблетите и разните апликации станаа составен дел од нашите животи. Меѓутоа, голем број од луѓето буквално не ги испуштаат од рака овие уреди без оглед дали се на работа, додека разговараат со пријателите или додека седат на маса и јадат.
Со еден збор, луѓето станаа зависни од разни апликации и константно проверуваат дали некој ги барал, иако поминуваат само пар минути откако последен пат погледнале во телефонот. Најново истражување покажало дека бројката на зависни луѓе од мобилните телефони се зголемила двапати за само година дена.
Просечните корисници на паметните телефони ги вклучуваат апликациите и проверуваат дали имаат некое известување најмалку десетина пати дневно, додека зависната личност го прави тоа дури по 60 пати во текот на денот. Агенцијата која што го има спроведено тоа истражување – Flurry, утврдила дека бројот на зависници се зголемил од 79 на 176 милиони луѓе од март 2013, до март 2014 година што претставува зголемување за неверојатни 123%.Паметните телефони, таблетите и разните апликации станаа составен дел од нашите животи. Меѓутоа, голем број од луѓето буквално не ги испуштаат од р