Срцевите напади се застрашувачки. Затоа, научниците создадоа безболно виртуелно срце што засекогаш ќе не заштити од смртоносните аритмии.Срцето беше тестирано на Универзитетот Џонс Хопкинс и точно може да предвиди кои пациенти се на ризик од ненадејна смрт.
Тестот е наречен виртуелен предвидувач на срцеви аритмии или на скратено, VARP. Проектот е воден од биомедицинскиот инженер, проф. Наталија Трајанова. Со помош на кардиологот Кетрин Ву, создале модел на срце во 3D, за оние кои преживеале срцев удар и имаат оштетено ткиво.
Вообичаено, докторите ги лечат ваквите пациенти мерејќи колку крв се испумпува од срцето. Но, и користењето на пејсмејкер е непрецизно и носи одредени ризици. Наместо тоа, виртуелниот предвидувач прави магнетни скенирања на пациентот и гради дупликат на срцето. Потоа, копјутерскиот модел е „оживеан“ со електрични импулси што преку симулација откриваат колку ќе живее конкретното оштетено срце.
Резултатите се споредени со реалниот животен век на пациентите, и се покажало дека резултатите се неверојатно прецизни во предвидувањето. Овој неинвазивен метод на виртуелно предвидување може да помогне во избегнувањето на непотребно ставање на импланти на пациентите со ризик. Следен план на научниците се дополнителни тестирања на поголема група на пациенти.Срцето беше тестирано на Универзитетот Џонс Хопкинс и точно може да предвиди кои пациенти се на ризик од ненадејна смрт.
Тестот е наречен в