Дознајте кои се медицинските последици од абортусот

Абортусот може да предизвика трајни последици од физичка и психолошка природа.Овојпат ќе посочиме кои се медицинските последици од абортусот.
Еве некои од нив:
Инфекции – и покрај користењето на стерилни инструменти и задолжително примање на антибиотици после извршениот зафат, инфекцијата претставува најчеста компликација на абортусот. Значи инфекции се манифестираат со висока температура, болки во стомакот и појава на непријатен мирис на вагиналниот секрет. Ако не се излечи, инфекцијата може да предизвика сериозни заболувања, стерилитет, сепса и смрт.
Долготрајното крварење – големо крварење од матката во текот на абортусот и после завршувањето на абортусот најчесто се случува кај абортус кој се извршува во текот на третото тромесечие од бременоста. Понекогаш прекумерното крварење може да биде знак на заостанато ткиво, перфорација или неможност матката да се собере.
Неуспешен абортус (продолжување на бременост) – многу ретко се случува абортусот да биде неуспешен, односно жената да продолжи со бременоста. Заради тоа, после секој абортус се проверува дали е секое ткиво извадено. Привремен прекин на бременоста се случува во ситуации кога плодот е целосно промашен, кога станува збор за повеќекртна бременост, па само едниот фетус да бидe изваден и кога постои таканаречена дупла бременост. Ова пореметуваење е почесто ако абортусот се изврши пред време, т.е. ако има поминато помалку од 6 недели од првиот ден на последната менструација. Ако вакво нешто се случи, значи дека бременоста нема да се прекине и дека абортусот мора да се повтори за недела дена.

Заостанато ткиво – лекарот кој го изведува абортусот, не може да ја види внатрешноста на матката, па може да се случи во матката да остане извесна количина на ткиво од плодот. Значи, заостанатото ткиво е јако крварење кое може да трае повеќе од две недели, исфрлање на парчиња од згрутчена крв, грчеви или можни знаци на бременост. Понекогаш се даваат лекови кои предизвикуваат контракции на мускулите на матката и го исфрлаат остатокот од ткивото.
Постабортален синдром (крв во матката) – до овие компликации доаѓа кога матката не се собира нормално, па крвта се задржува во неа и го блокира излезот. Собраната крв ја зголемува болката, предизвикува грчеви и потешкотии. Понекогаш е можно да се истисне згуснатата крв со јако притискање директно над матката, а ако ова не успее, се извршува аспирација.
Перфорација – перфорацијата претставува пробивање на ѕидот на матката со помош на инструмент со кој се врши абортусот. Матката е јак мускул и доколку се оштети површно, раната зараснува сама. Доколку се повреди поголем крвен сад или некој орган, неопходна е операција. Затоа абортусот се извршува во клиники кои имаат операциони сали.

Кинење на cerviks (грлото на матката) – кај абортусот кој се изведува во второто тромесечие од бременоста, поголема веројатноста да дојдe до повреда на грлото на матката, отколку кај абортусот кој се изведува до 10-та недела од бременоста. Можеби жената нема да ја почуствува повредата која се случила, но лекарот мора да ја извести и внесе податоци за повредите во нејзиниот картон. Малите процепи зараснуваат и без интервенции. Сериозните повреди бараат зашивање.
Емболија – претставува затнување на крвните садови на некое тело -embolusom, најчесто со воздух или згрутчена крв. После абортусот, најчесто доаѓа до клучна емболија, при која embolus-от ги затвора гранките на артерија во градниот кош која доведува до инфаркт на градниот кош и попуштање на десната половина на срцето. Клинички се претпоставува дека се појавуваат болки во градите, отежнато е дишењето и доаѓа до појава на кашлање и искашлување на крв.
Копликација од анестезија – локалната анестезија може да предизвика ѕуење во ушите, пецкање на дланката и стапалата, и се чувствуваат празнини во главата. Сериозните алергиски реакции не се ретки. После будењето и општата анестезија, често се јавува малаксаност, тешкотии и дезориентација. Крварењето е појако бидејки мускулите на матката се опуштени.

Извор: abortusne.org.mk
 Овојпат ќе посочиме кои се медицинските последици од абортусот.
Еве некои од нив:
Инфекции – и по

Пронајдете не на следниве мрежи: