Дознајте кои се најдобрите пози за секс во автомобил

Топлите денови пристигнаа, а доколку високите температури и желбата за сексуална авантура ве натераат да излезете од дома – одлична опција е излет со автомобил.
Сексот во автомобил може да биде многу возбудлив, бидејќи освен сознанието дека можете да бидете „фатени на дело“ – во него можете да испробате и многу интересни пози.
Пред каков и да е долг пат, добро е да проверите дали е се во ред и спремно за возење. Онаа класичната 69 поза можете да ја искористите како загревање пред да преминете на „главното јадење“.
Рацете на менувачот
Со движењето на рацете морате внимателно да ги менувате брзините и запомнете, секогап започнете полека, постепено дојдете до поголема брзина, а потоа повремено „прикочете“ и повторно преминете во поспора брзина, пред да се вратите на онаа повисоката.
Проверете ги „перничињата“
Секогаш е важно и перничињата да функционираат како што треба. Партнерот детално нека ви ги провери и испипа перничињата. Тешко е да се каже кој од вас двајца повеќе ќе ужива во тоа.
Механичар
Како механичар, тој нека легне на задното седиште на грб и нека се провлече под вас. Нека прегледа се добро и нека си поигра со оној дел од вашето тело за кое мисли дека е потребна проверка.
Допрете го кровот
Кога подетално ќе го разгледате автомобилот, можете да проверите дали и кровот е исправен. А како би го направиле тоа подобро ако не на задното седиште и со подигнати нозе?

Проверување на задните седишта
Нека не ви е незгодно да проверите дали се што ви е потребно е на задното седиште. Можете да проверите и да размислите што се би правеле во тој дел од автомобилот, а попатно проверете дали сите сигурносни појаси работат како што треба.
Точење гориво
Оваа поза е за подигнување на енергијата. Ако снемате сила – испробајте го ова и веднаш ќе откриете нова сила (а можете и да проверите дали случајно некој ве гледа од страна).
Заспани зад воланот
Во оваа поза на предното седиште морате да бидете внимателни, бидејќи еден невнимателен потег може да ве доведе до ситуација да „задремете“ некаде на јавно масто, што може да биде опасно. Ова е ризична поза, но понекогаш треба да се живее ризично зар не?
Скоро како кај гинеколог
Во оваа поза ќе уживате бидејќи нема напорно држење на нозете во воздух. Убаво потпрете ги на предните седишта и нему препуштете му ја целата работа.
Тестирање на хаубата
Не морате баш секогаш да бидете во автомобилот. Понекогаш можете да проверите дали и хаубата е на место.
Топлите денови пристигнаа, а доколку високите температури и желбата за сексуална авантура ве натераат да излезете од д

Пронајдете не на следниве мрежи: