Дознајте кои се најголемите ПОРОЦИ на хороскопските знаци!

Хороскопот може многу да ни каже за карактерот на една личност, а помеѓу таквите особини спаѓаат и зависностите, односно склоностите кон некои пороци!Овен 
Овенот, го сака алкохолот и цигарите, а кога ќе се посвети на тоа, не е лесно да се одвикне. Имаат тврдоглав став дека пушењето помага во ослободување од стресот, а и мислат дека изгледаат прилично гламурозно со цигара во рака.Бик 
Бикот е стабилен знак, но кога се во прашање храна и пијалaци, како некое друго битие да го обзема неговото тело. Сака да им угодува на своите сетила, така што лесно е да се замисли Бик кој сака чаша добар алкохол. Близнаци 
Близнаците често го менуваат расположението, што е најчесто проследено со разни пороци, како на пример пушење цигари една по друга, а ако работата им е барем малку поврзана со компјутер или интернет, бидете сигурни дека ноќта ќе ја поминат пред екранот наместо во кревет.
Рак 
Ракот е под големо влијание на Месечината, што го води кон алкохолот и таблетките. Бесот Рибите неретко го потиснуваат со големи количини храна, а покрај тоа и многу пушат. Затоа со нив бидете внимателни.
Лав 
Лавот по дефиниција верува во својата реалност, па сите пороци се добредојдени за него, од коцка и секс до пушење и прекумерно опијанување.Девица 
Девицата може да биде најголемиот работохоличар, бидејќи многу опсесивно им пристапува на сите работи во животот, а кога нештата ќе тргнат по погрешна насока, доаѓа и потребата за алкохол и таблетки за смирување.

Вага 
Вагата сака да побегне од грдата стварност консумирајќи алкохол, а ни лесните дроги не и се непознати. Но, за разлика од останатите, Вагата лесно се навикнува и на вежбање кое потоа го практикува до изнемоштеност.Скорпија 
Скорпијата ја носи титулата на најголемиот зависник од секс во Зодијакот, а заедно со тоа оди и многу алкохол. Цигарите ѝ се омилен порок од практична причина – одржување на линијата, за да не мора да држи диета.
Стрелец 
Стрелецот, како и Лавот, има став на бесмртник, па ниту еден порок не му е непознат, а најчесто се наоѓа во проблеми со пари поради зависноста од патувања, која баш не соодвестува на нивната финансиска состојба.
 

Јарец 
Јарецот е најмалку склон кон пороци од сите знаци на Зодијакот, единствено цигарите, кои според него, не спаѓаат во зависности. Друга крајност кај Јареците е анорексија и булимија, поради опсесијата дека треба да се слаби и убави.Водолија 
Водолијата по дефиниција истражува, па лесно ќе ја пронајдете во сите можни крајности, од заколнати вегани кои живеат ултра здраво, до ликови кои се пијани од утро до мрак.Риби 
Рибите го сакаат алкохолот за да ја намалат болката која ја чувствуваат во животот, најчесто психичка, а кога ќе се појави некоја хронична физичка болка, зависноста од таблети е неизбежна. Со оглед на тоа што имаат бујна фантазија, опијатите од сите видови им се најверно друштво, па треба да внимавате на нив.Овен 
Овенот, го сака алкохолот и цигарите, а кога ќе се посвети на тоа, не е лесно да се одвикне. Имаат тврдоглав ст

Пронајдете не на следниве мрежи: