Дознајте кои женски „маани“ мажите ги обожаваат!

Женската самокритичност понекогаш знае да биде навистина сурова, а жените како и секогаш, тежнеат кон совршеноста која често и воопшто не е потребна. Прочитајте кои женски несовршености мажите едноставно ги обожуваат.Всушност, секогаш треба да тежнеете кон тоа да ги искористите вашите мали недостатоци на начин на кој би ги претвориле во ваши доблести!Мало стомачеЖенските облини никогаш не излегуваат од мода, а тоа важи и за малото стомаче. Мажите навистина го сакаат женското тело со сите негови маани и доблести.
Неправилен носОној популарен “грчки профил” не го сакаат само жените. Малку закривениот нос често може и поубаво да му прилега на некое лице од совршено правилниот нос, а мажите сметаат дека може да изгледа навистина симпатично.Лежерен изгледИсфенираната коса и уредните нокти нормално дека се секогаш привлечни, но понекогаш и сосема опуштениот и лежерен изглед кој е проследен со малку разбушавена коса може да биде навистина провокативен за мажите.
Простор помеѓу двата горни предни забиДоволно е да се споменат Ванеса Паради, Лара Стоун, Мадона и Џорџија Меј Џегер. Тие се само мал дел од светските убавици кои го заведоа светот со своето убаво лице, но и своите несовршености.Мали градиИако повеќето мажи сонуваат за големи гради и бујно деколте, ниту малите гради не се помалку заводливи. Бројни анкети покажаа дека за многу мажи всушност малите гради зрачат со сексапил, особено кога се потенцирани со длабоко деколте или пак без градник.Всушност, секогаш треба да тежнеете кон тоа да ги искористите вашите мали недостатоци на начин на кој би ги претвориле во ваши доблести!

Пронајдете не на следниве мрежи: