Дознајте со КАКОВ маж си имате работа според неговиот костим за капење!

Како што секојдневната гардероба може да открие со каков вид личност си имате работа, така и костимот за капење може да опише каков е карактерот. Во овој конкретен случај, произведувачите на костими за капење за мажи, направиле мало истражување со кое ги откриваат главните карактеристики на нивните потрошувачи.Боксерици
Класичните боксерици опишуваат маж кој е подготвен за врска и не се плаши од обврските што таа ги носи. Ваков модел на костими за капење избираат помалку конзервативните и традиционални мажи, тврдат сопствениците на најпознатите брендови за машки костими за капење.
Долг сурферски шорц
Сурферските шорцеви станаа популарни, а можат да се носат и во теретана. Тие опишуваат лежерен маж, кој сака екстремен начин на забава. Според жените, сопствениците на ваквиот шорц за капење всушност се вистински фраери, кои се свесни за своите предности и многу добро знаат како се заведува.

Бермуди
Бермудите до колена го опишуваат мажот што сака да биде опуштен, што добро се чувствува во својата кожа и не се оптоварува со ситници. Но, мажите што носат бермуди со интензивни бои или со изразени принтови, сакаат да бидат во центарот на вниманието и немаат проблем со изразување на своите чувства.
Плитки боксерици
Минијатурните плитки боксерици ги носат фраери што имаат високо мислење за себе и за своето тело, но и оние што се склони кон претерување. Со ваквите личности треба да се биде особено внимателен, бидејќи тенка е границата помеѓу високата самодоверба и нарцисоидноста. 
Слип-гаќички
Освен пливачите и ватерполистите, нив најчесто ги носат самоуверени, сигурни и доста оптимистични мажи што сакаат да ја истакнуваат својата машкост. Но, овој модел на костим за капење понекогаш открива малку повеќе одошто е потребно.Боксерици
Класичните боксерици опишуваат маж кој е подготвен за врска и не се плаши од обврските што таа ги носи. Ваков мо

Пронајдете не на следниве мрежи: