Една третина од секои 24 часа ги поминуваме во спиење, па оттаму и една третина од животот ни поминува на таков начин. Затоа научниците се толку опседнати со сонот како „активност“ и истражуваат што значи секој дел од него.Позицијата во која спиете зборува за вашите љубовни навики.
Исправена положбаОние кои спијат исправено со рацете спуштени надолу покрај телото се луѓе кои лесно влегуваат во нови врски, но често од нив излегуваат повредени. Сакаат да излегуваат за да бараат партнер, но честопати се заведени од некој кој не сака ништо сериозно со нив.
Испружени рацеАко спиете настрана, а рацете ви се испружени кон напред, вие сте личност која се сомнева во луѓето затоа што некогаш порано сте биле повредени. Гледате со цинизам на љубовните врски на другите и не му верувате ниту на својот партнер кога го имате. Романсите за вас се нешто кое кога-тогаш мора да заврши.
На грбОва е знак кој укажува на едноставни и пријателски расположени личности. Тие уживаат во романсите, честопати скокајќи од една во друга врска. Тоа го прават затоа што не сакаат да бидат повредени и не се задоволуваат со ништо помалку од вистинска љубов. Исто така се многу искрени.
Со рацете под брадатаНекои луѓе спијат во позиција во која дланките им се стиснати во тупаница и сместени под брадата. Позицијата е слична како онаа во форма на фетус, а слични се и карактеристиките на кои таа укажува. Овие луѓе сакаат да остават слика дека се силни и бестрашни личности иако однатре се многу нежни. Тие, исто така, се луѓе кои сакаат да анализираат сè околу себе, во секого се сомневаат и длабоко ја анализираат секоја постапка на луѓето околу нив. Тоа го прават затоа што сакаат да бидат сигурни дека се опкружени со личности со добро срце.
На стомак со раширени раце кои ја гушкаат перницатаЛуѓето кои спијат во ваква позиција се срамежливи и избегнуваат конфликти. Кога ќе загусти во врската, тие знаат да го свртат грбот и да го остават партнерот. Нема да се расправаат во таква ситуација. Едноставно, сметаат дека врската треба сама по себе да биде убава и тоа не е нешто за кое тие треба да се борат. Не се слаби личности, само не сакаат да бидат во врска која носи кавги.
Гушкање на перницатаЛуѓето кои ја гушкаат перницата секогаш кога спијат уживаат во љубовта. Сакаат да бидат вљубени и сакаат да бидат љубени од другите. Тие се грижливи, сочувствителни и сакаат блискост со луѓето. Секогаш покрај партнерот имаат уште многу други цврсти врски со пријателите.Позицијата во која спиете зборува за вашите љубовни навики.
Исправена положбаОние кои спијат исправено со рацете спу



