Дознајте што се случи на крај со брутално претепаната Марија Феризовиќ!

Бев кај обвинител. Присетувајќи се на сѐ, некако собрав сила и повторно ја преживеав голготата од Калуѓерица. Се согласив да бидам сведок и се придружив кон гонењето на мојот невенчан сопруг Ахмет Маринковиќ за сето зло што ми го направи, изјавила Марија Феризовиќ  за српски „Курир“.Да потсетиме, кон крајот на минатиот месец, невенчаниот сопруг два дена ја држел Марија заклучена во изнајмен стан и ѕверски се изживувал.
По страшниот настан, била покрената акција да ѝ се помогне на оваа жена. Таа е оперирана, пронајдена ѝ е работа и конечно животот тргна кон подобро.
На Марија во четвртокот ѝ ги тргнале завоите од носот и таа денес сосема поинаку изгледа. Насмеана и убава, без модрици на лицето, вели дека многу подобро се чувствува.
„Лекарите се задоволни. Многу полесно дишам. Остана уште за неколку дена да одам да ми ги тргнат и плочките од вилицата. Сѐ добро зараснува и многу подобро се чувствував“ – изјавила Марија.
Да потсетиме, кон крајот на минатиот месец, невенчаниот сопруг два дена ја држел Марија заклучена во изнајмен стан и ѕверски се изживувал.

Пронајдете не на следниве мрежи: