Дознајте што се случува со вашите профили на социјалните мрежи по смртта

Смртта е неизбежен дел од животот. А со оглед на фактот дека голем дел од нашето животно секојдневие го карактеризира виртуелното присуство, сосема е очекувано прашањето за тоа што се случува со социјалните профили на корисниците по нивната смрт.Можеби не можеме да одговориме на прашањето што се случува со нас по смртта, може да најдеме одговор на прашањето што ќе се случи со нашите профили на социјалните мрежи по смртта. Водичот на Mashable покажува повеќе работи поврзани со ова: дали и како треба да се докаже смртта на корисникот за да се избрише профилот, или пак да се претвори во спомен-страна на починатиот итн. 
Facebook
Најпрво, важно е да се напомене дека податоците на профилот остануваат, во случајов, на починатиот корисник. Со исклучок – ако овластени лица на државата не ги побара податоците од корисникот. Најголемата социјална мрежа во светот дозволува опција за претворање на профилот на корисникот во спомен-страна, со што треба да ја докажете смртта на корисникот на Facebook,  Ваквата страна ќе може да ја посетуваат пријателите и да постираат и гледаат фотографии. Профилот нема да потсетува за родендени, нема да се појавува во делот People You May Know и сл.
Друга опција е барање за деактивирање на профилот, од страна на близок член од семејството на починатиот, со приложување доказ за истото. Дотогаш, Facebook нема самоиницијативно да го избрише или деактивира профилот. 
Дознајте што се случува со профилите и на другите социјални мрежи на gsm.mkМожеби не можеме да одговориме на прашањето што се случува со нас по смртта, може да најдеме одговор на прашањето што ќе се случи со нашите профили

Пронајдете не на следниве мрежи: