Дознајте во кој тип на љубовник припаѓате

Loading...

Сигурно некогаш ви дошло на памет да се запрашате каков љубовник сте? Сакате ли повеќе пријателски односи или  повеќе навивате за диви, непредвидливи начини на водење љубов?Дали си го дадовте одговорот? Бевте  реални или пристрасни? пронајдете се во еден од шесте типови кои постојат.
Пријателски љубовник 
Во љубовта вас ви е важно пријателството. Својот партнер затоа го прифаќате како најдобар пријател и уживате во негово друштво и близина. Во односот преовладува предаденост и доверба, а го развивате полека, но сигурно. 
Посесивни љубовници
Зависни сте од својот партнер, повеќе одколку што веројатно сте и свесни. Сакате со него да владеете и да имате моќ да управувате. Кога вашиот однос би се променил, останувате скршени. Да го добиете вниманието на партнерот и тој да ви служи и да биде постојано околу вас би направиле секакви непромислени глупости.
Алтуристички љубовник 
Ваш најголем приоритет преставува задоволството на партнерот. Кога се јавуваат несогласувања, брзо ги решавате. Ваши атрибути се посветеност, пожртвуваност и нежност. Во љубовта само давате, а ништо не очувате за возврат!
Романтичен (еротски) љубовник
Опседнати сте со личноста во која сте заљубени и непрекинато мислите на неа. Чувствувате дека таа вас силно ве привлекува. Љубоморни сте, премногу допуштате и ви треба постојан доказ дека таа личност ве сака. Таквата љубов обично трае неколку месеци или година. После тоа доаѓа до општо гушење.

Практичен (разумен) љубоник 
Имате логичен и практичен пристап кон личноста која ја сакате, а и на таков начин ја искажувате вашата љубов. Внимателно ја одбирате личноста до вас, и таа мора да негува заеднички интереси, да има слично образование и мора да ви одговара по вредностите и целите во животот. Вие играте на сигурно – барате совршена спојка, слична на вас со што очекувате помалку недоразбирања.
Холивудски љубовник
Во љубовта односите се насочуваат исклучиво на самите себе, важни ви се само вашите желби и задоволство. Она што ви недостасува е зрелост, близина и сигурност. Недостатокот се наоѓа во егоистичкиот став, и кон тежнеењето да вие бидете центар на внимание и ништо друго. Со ова покажувате дека не сте за сериозна врска.
Се пронајдовте ли некаде? Можеби. Сепак не заборавајте дека љубовта е жива материја која се менува и која се трансформира, развива и надополнува низ целиот животен тек, низ искуства, заедно со тоа како ние се менуваме, развиваме и нормално колку ја негуваме.Дали си го дадовте одговорот? Бевте  реални или пристрасни? пронајдете се во еден од шесте типови кои постојат.
Пријателски љу

loading...
Loading...