Силната црвена боја и слаткиот вкус ги прави јагодите едни од најнеодоливите овошја за луѓето. Тие се едноставно премногу вкусни, но истовремено и многу здрави. Дознајте зошто е добро да ги конзумирате:Содржат витамин Ц
Витаминот Ц ја зголемува силата на артериите, го спречува создавањето модринки и ја засилува работата на жлездата за адреналин.
Добри се за слабеење
Јагодите имаат многу малку калории. Тие содржат околу 36 калории во една порција од 100 грама, не содржат масти и имаат ниско ниво натриум и шеќер. Јагодите содржат природни шеќери, но во мало количество.
Ги регулираат крвниот притисок и холестеролот
Јагодите припаѓаат на групата храна која е најздрава за срцето. Тие содржат состојки кои позитивно влијаат врз здравјето на целокупниот кардиоваскуларен систем. Исто така го намалуваат лошиот холестерол во крвта, кој предизвикува затворање на артериите.
Подобро здравје на очите
Антиоксидансите го намалуваат ризикот од појава на катаракта која може да предизвика слепило.
Борба против брчките
Витаминот Ц му е потребен на телото со цел да произведува колаген кој ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Со оглед на тоа што со производството на колаген се намалува стареење, консумирањето храна која е богата со витамин Ц би можела да ѝ помогне на вашата кожа долго да остане млада и здрава.
Го регулираат варењето на храната
Хранливите влакна во јагодите се неопходни за здравјето на дигестивниот систем. Доколку во вашето тело не внесувате доволно хранливи влакна, може да дојде до воспаление на цревата, што се случува кај скоро 50% од личностите постари од 60 години.Содржат витамин Ц
Витаминот Ц ја зголемува силата на артериите, го спречува создавањето модринки и ја засилува работата на



