Дознајте зошто спиењето на страна е НАЈЗДРАВО!

Искривувањето на телото за време на спиењето може да предизвика стрес и притисок на ‘рбетот, вратот, рамената, колковите, па дури и на вилицата.Експертите советуваат дека од избраната позиција зависат три криви на телото – долниот дел на грбот, средината на грбот и вратот, бидејќи целта е да се задржи природната крива и за време на спиењето .
Експертите исто така велат дека спиењето на стомак лошо делува на вашето здравје, а тоа може да доведе до дегенерација на ‘рбетниот скелет.
Проблемот на оваа позиција е дека, во таа позиција премногу се истегнуваат лигаментите и мускулите околу ‘рбетот и создаваат притисок врз нервите во рацете, а тоа може да предизвика вкочанетост наредниот ден.
Покрај тоа, овој став не се препорачува , бидејќи тежината на телото притиска на белите дробови што пречи во вдишувањето и издишувањето , а исто така,  се создава непотребен притисок на градите.
Кога станува збор за спиењето на грб, проблемот е во тоа што јазикот може да падне наназад и да го блокира каналот на дишните патишта, а оваа позиција не е особено добро за луѓето кои страдаат од апнеја при спиењето.
Исто така, оние кои спијат на грб се повеќе склони кон ‘рчењето.
Луѓето со болести на срцето, одредени заболувања на дишните органи , глауком или одредени стомачни болести можат да имаат корист од таа позиција, лежејќи на грб во полу лежечка положба, подигнати со помош на перници.
За спиењето на страна експертите сметаат дека е најдобра положба за спиење, поради тоа што одговара на природното искривување на ‘рбетот .
Позицијата може да се подобри со цел да биде уште поудобна, ставајќи перница помеѓу колената, а на тој начин ќе бидат релаксирани и колковите.Експертите советуваат дека од избраната позиција зависат три криви на телото – долниот дел на грбот, средината на грбот и вратот, бидејќи цел

Пронајдете не на следниве мрежи: