Дали некогаш сте се запрашале зошто спротистите ги грицкаат медалите? Секако не го прават тоа за да проверат дали се навистина од злато, но речиси секој спортист кој освоил медал, го вкусил.Токму затоа, претседателот на Меѓународното здружение на олимписки историчари реши да открие што се крие зад оваа пркатика.
Верувале или не, не се работи за спортистите, туку за фотографите.
„На официјалните фотографи тоа им стана некаква опсесија. Претпоставувам дека тоа го доживуваат како некој вид култна фотографија, можеби како нешто што можат лесно да го продадат. Повеќето спортисти не го прават тоа самоиницијативно“ – објаснува Дејвид Валечински.
Валечински забележал дека овој тренд расте од година во година, но изгледа дека сето ова да го достигнало врвот.
Во историјата, оваа практика се поврзува со проверката на автентичноста на паричките, но злато во парите и во медалите нема во толкаво количество. Количеството злато во златниот медал варира од игри до игри, па така на оваа Олимпијада медалите имаат 1,34 отсто злато помалку, односно само шест грама покрај 93 отсто сребро и шест отсто бакар.
Во 1904, 1908 и 1912 година златните медали на Олимписките игри биле од чист злато, но биле помали од сегашните.
Засега од грицкање медали настрадал само еден спортист, во 2010 година, кога пресилно го загризал медалот пред фотографите и останал со скршен заб.Токму затоа, претседателот на Меѓународното здружение на олимписки историчари реши да открие што се крие зад оваа пркатика.
Верувале или не