Дознал дека СОПРУГАТА ГО ИЗНЕВЕРИЛА СО КОЛЕГИТЕ, тренерот, адвокатот… Еве како и се одмаздил

Италијанец кој дознал за неверството на својата сопруга, закупил цела страница во националното издание на миланскиот дневен весник Corriere della Sera за да ѝ раскаже на целата земја за тоа дека тој си заминува и ја очекува во судот.Писмото на извесен Енцо, во коешто тој ѝ се обраќа на својата сопруга, беше објавено во петокот. „Љубов моја, ти знаеше, што се’ сторив за тебе. Секогаш се грижев да ја заштитам нашата љубов, но ти сето тоа го урна. И по седум години брак јас сакам да ѝ раскажам на цела Италија за твоето бедно предавство“, го почнува своето писмо измамениот сопруг.
Натаму авторот на писмото раскажува како тој дознал за неверството на жена си. „Твоето име е Луција, и многуте изминати години носеше светлина во мојот живот… Но кога те видов со него, како се бакнувате пред нашата омилена слаткарница, ми се стемни“, пишува Енцо и додава дека тоа било само едно од незините неверства.
„Нашиот брак е завршен. Си заминувам од тебе… Ќе се видиме на суд“, го завршува своето писмо измамениот сопруг.
Енцо, исто така, ѝ соопштува на Луција дека отворил специјална страница на социјалната мрежа Facebook „Твојот поранешен сопруг“ (Il tuo ex marito), на којашто во текот на петокот (13-ти март) покрај објавеното во весникот писмо поставил уште десетина објави, Страницата на „поранешниот сопруг“ до вечерта во петокот собра повеќе од 9.200 „лајкови“.
Но, покрај оние кои му изразуваат сочувство на Енцо, некои од корисниците на социјалните мрежи изразија и сомнежи во врска со автентичноста на споменатото писмо објавено во весникот. Покрај тоа, повеќе локални медиуми и експерти се согласија дека станува збор, според се’ судејќи, не за вистинско очајничко писмо на измамен сопруг, туку за реклама на нова телевизиска серија за неверствата и измамите. Но дали е навистина така, сепак се’ уште не е познато.Писмото на извесен Енцо, во коешто тој ѝ се обраќа на својата сопруга, беше објавено во петокот. „Љубов моја, ти знаеше, што се’ сторив

Пронајдете не на следниве мрежи: