Маж од Азија гледал како неговата 20-годишна ќерка се дави пред неговите очи. За ситуацијата да биде полоша, тоа се случило бидејќи тој физички ги спречил спасувачите на плажата во Дубаи да го сочуваат нејзиниот живот. Како оправдување навел дека таа би била обесчестена доколку непознати мажи би ја допреле.Таткото бил уапсен и надлежните служби против него покренале кривична постапка, бидејќи со своето дејствување директно ја довел ќерката до смрт.
„Мажот ги донесе сопругата и децата на плажа за да уживаат во пикник и да се забавуваат. Децата беа во вода кога 20-годишната девојка одеднаш почна да се дави. Таа врескаше и бараше помош“ – раскажал Ахмед Бургиба, заменик-директор на полицијата во Дубаи.
„Двајца спасувачи беа на плажата и потрчаа да ѝ помогнат. Меѓутоа, таткото тргна да се бори со нив, ги повлече и ги спречи да ѝ помогнат. Потоа стана многу насилен. Им рече дека повеќе би сакал таа да беше мртва, отколку да ја допираат непознати мажи“ – ја продолжил приказната и додал:
„Ова е еден од инцидентите коишто никогаш нема да ги заборавам. Останавме изненадени“.
Постапките на овој татко довеле до смрт на младата девојка, а против него е покрената кривична постапка.Таткото бил уапсен и надлежните служби против него покренале кривична постапка, бидејќи со своето дејствување директно ја довел ќерката до смрт.



