ДВ: ВМРО-ДПМНЕ не ги блокира уставните измени!

Се демаскираше најавата дека ќе имало пекол во Собранието и дека ВМРО-ДПМНЕ на Мицковски ќе се спротивставело со се што му е на располагање. Како што е познато тој ја сведе борбата на активности во Собранието и не организира протести ни под разно… Собраниската комисија, за пет дена ги усвои нацрт-амандманите на Уставот и покрај најавите за жестока борба на опозицијата. Познавачи велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема многу простор за блокирање.
Иако беше предвирено да трае 12 дена, расправата за уставните нацрт- амандмани кои ги предложи Владата за имплментирање на Договорот од Преспа траеше само пет дена, откако Собраниската комисија за уставни прашања вчера го усвои и последниот четврти нацрт- амандман на Уставот. Според собранискиот деловник, расправата можеше да трае најмногу три дена за секој амандман одделно.
Расправита за нацрт-амандманите се одвиваше отприлика по еден ден за секој амандман и покрај најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе води жестока борба во Собранието во процесот за уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ највуваше дека нивната пратеничка група „жестоко ќе ги разобличи сите уставни амандмани.“
Поранешниот пратеник Насер Зибери коментира дека расправата во Собранието се одвивала во разумен рок и според него опозицијата немала многу простор за нејзино забавување и блокирање.
Повеќе: ВМРО не ги блокира уставните измени

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.