Др. Милан Звер ја поддржа Македонија при справувањето со мигрантската криза

“Не постои никаков сомнеж , дека на Европската унија и е потребен целосен и единствен пристап при решавање на мигрантската криза”, изјави денес во Стразбур на заседанието на Европскиот парламент водичот на Словенечката делегација др.Милан Звер.Тој подвлече дека “мигрантската криза и безбедносната ситуација” се поврзани, посебно поради тоа што “терористите се инфилтрираат помеѓу мигрантите”. Додаде и дека службите за разузнавање информираат дека се случува и интензивна радикализација на бегалците.
”Предлогот на Европската комисија, да воспостави гранична и крајбрежна стража е повеќе од добредојден , но реализацијата е многу повеќе од бавна. Таквата стража би ни требала уште вчера . Подршката за Фронтекс и Еуропол е суштински премала” продолжи тој.
Др. Звер беше и дециден и при улогата на Турција при справувањето со кризата: ”ЕУ нека во рамките на управување со мигрантската криза не дозволи никаква уцена од Турција. Во спротивно ќе го изгуби статусот на партнер како што тоа се случи и со Русија.”
Тој го потенцираше про-европското држење на Македонија, и изјави дека:
”Македонија се покажа како вистински сојузник на ЕУ”. ”По нејзина заслуга успеавме да ја сопреме т.н балканска рута и да овозможиме договор со Турција” ”Др. Звер го изрази незадоволството од фактот што ЕУ сеуште го нема одредено датумот за отпочнување на пристапните преговори со Македонија.”
”Одлучно сум против т.н дуолошки т.е двосмерни интеграции, затоа што тоа предпоставува меѓусобно превземање на вредносни форми и начини на однесување. ” заклучи др.Милан Звер
”Кога ќе биде доволно безбедно , бегалците мора да се вратат дома,кадешто би били потребни во обновата на државата и општеството.Ова ми требало многу посериозно да го појасниме” заклучи европратеникот.Тој подвлече дека “мигрантската криза и безбедносната ситуација” се поврзани, посебно поради тоа што “терористите се инфилтр

Пронајдете не на следниве мрежи: