Југославија се наоѓа пред распаѓање,”Болниот на Балканот” ја испушта својата грешна душа, ја предава на ѓаволот за да ја однесе в пекол, каде што и е местото, зашто и самата беше пекол додека беше жива. Простувајќи се од неа, ние нема да и го’кажеме традиционалното рисјанско “Бог да ја прости” зашто таа беше крвјосана вештерка што се хранеше од човечка крв, ние можеме само да плукнеме врз нејзината мрша и да речеме: “Оди ќај гаволите и никогаш повеќе да не се повампириш!”
Врз гробот на Југославија ке плачат само српските хегемонисти и по некој јаничар на српскиот империјализам во Македонија на кој неславната покојничка му обезбедуваше раскош и разврат.
Смртно оболената Југославија не може да ја спаси ни вревата што ја крева српскиот хегемонизам како еден вид молитва за нејзино оздравување. Таа молитва, таа литанија што така гласно и така бучно ја пеат српските хегемонисти се состои од старите и излитените пароли за “братството и единството”, за “заедничката судбина”, за “мирот” итн.Сето тоа е старата песна на српскиот империјализам во која се огледува фарисејството и двиличноста на српските хегемонисти кои од една страна зборуваат за братство и единство а од друга ја повикуваат армијата да ја пролее крвта на хрватскиот и слевенечкиот народ затоа што се осмелиле да бараат слобода и независност.
Србите имаат зошто да ја жалат Југославија, таа за нив беше вистинска мајка, додека за другите народи беше зла макеа.
И додека српските хегемонисти грозница ги тресе од хистерија пред самата помисла дека ќе ја изгубат својата мајка-хранителка, дотогаш Хрватите и Словенците станаа се побескомпромисни во своето барање за отцепување од Југославија и цврсто се решени да му се спротивстават на српскиот комунизам ако затреба и со оружје в рака.Тие купија оружје во странство и со тоа покажаа дека се спремни да се борат и против југословенската армија, тоа орудие на српскиот инперијализам.За својата праведна борба Хрватите и Словенците ја стекнаа симпатијата на сиот
демократски свет, кој интервенираше во нивва полза, прехегемонисти дупредувајки ги српскитердека демократскиот свет нема да
дозволи Југословенската армија да ја згази под гусениците на своите тенкови демократијата и националната независнот на Хрватска и Словенија. Демократскиот свет го прифака распагаљето на Југославија како единствено разумно решение и е спремен материјално да го помогне тоа распаѓање нудејки неколку милијарди долари за да се плати хрватскиот и словенечкиот дел од општиот долг на Југославија на странство.
Од своја страна, двете суверени држави Хрватска и Словенија, гледајки ја опасноста што им се заканува со интервенција на српската “југословенска армија”, потпишаа спогодба за заедничка одбрана,неа ја потпишаа министрите на одбраната и за внатрешните работи на двете суверени држави. Овој сојуз најубаво покажува дека југословенската федерација повеке не постои, дека таа е мртва и дека нејзиното тотално распагање е само прашање на време.Мегународната дипломатија е спремна распаѓањето на Југославија да го признае дефакто и дејуре.
Сега, пред самото распаѓање на Југославија ние Македонците треба да се прашаме што да правиме? Кој пат треба да го фатиме? Нема никакво сомневање дека распагањето на Југославија ќе биде судбоносно за Македонската Републука. Од нас Македонците ке зависи дали таа судбопост ке биде во полза или во наша штета. За да биде во наша полза ние треба навреме да ги преземеме сите мерки што се потребни
да спречиме при распаѓањето Србите да ја окупиррат Македонската Република и пак да ја прогласат за “Јужна Србија”. Оти постои таква опасност му е јасно на секој Македонец кој знае трезвено да мисли. Српскиот империјализам и во најголемата еуфорија на “братството и единството”, на лажната рамноправност, не се откажаа од големосрпските претензии врза Македонија. Српската православна црква не само што не ја призна автокефалноста на Македонската православна црква, туку не ја призна и националната индивидуалност на македонскиот народ, а на Македонија секогаш гледаше како на српска земја.Гопемосрпски претензии врз Македонија постојано покажуваа и српските академици и други интелектуалци. Старите српски империјалистички апетити во однос на Македонија ги распали возобновеното четничко движење на Вук Драшковиќ и Војислав Шешељ, но таков големосрпски апетит покажува и лидерот на српските комунисти Слободан Милошевиќ кој изјави дека во случајот Југославија да се распадне Србија ке го постави прашањето за границите.Нема никакво сомневање тој сотоа на прво место мисли на Македонија. Постои реална опасност при распагањето на Југославија Србите со нивната “Југословенска” армија да ја окупираат Македовија и да ја прогласат за “Јужна Србија”:
Што треба ние Македонците да сторнме за да спречиме српската воена сила да ја уништи нашата државност и од вас пак да направи српско робје?
Ние уште сега треба да бараме од обединетите Нации и од Европската заедница да испратат воени единици во Македонската Република како гаранцијаза спречување на едва крвава граганска војна и за обезбедувањето на територијалниот интегритет и националната сувереност на Македонската Република. Такво барање веке подносеа пред меѓународните форуми Хрватска и Словенија.Македовија има уште поголема причиаа да бара заштита на своета сувереност од воевите сили на Обединетите Нации и од Европската заедница.Потребно е уште сега, додека не биде предоцна, Македонскиот парламент и македонската влада да се обрнат до Комитетот за безбедност на Обединетите Нации и до Европскиот парламент во Стразбург со едно експозе за опасноста која и се заканува на Македонската Република од српскиот империјализам при распагањето на Југославија, и со молба овие две најкомпетентни меѓународни институции да испратат воени единици во Македонската Република за да ја обезбедат слободата на македонскиот народ и сувереноста на неговата држава.
За жал, сегашите комунистички властодршци во Македонската Република или се слепи или се оставиле да ги влече водата на нихилизмот заедно со Републиката во бездна, па не сакаат да ја согледаат опасноста од српскиот империјализам. Наместо да постапат како Хрватите и Словенците да бараат во Републиката да бидат испратени единици на Обединетите Нации и на Обединета Европа, тие даваат изјави (Глигоров и Тупурковски) дека Македонија е за федерација. Навистина, друго и не може да се очекува одовие стари предавници.
Во сегашната политичка положба на Републиката само народните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ можат да дадат предлог во Собранието на Македонија да се бара доаѓање на воени единици од Обединетите Нации и од Обединета Европа за спречувањето на воената агресија со која на Македонската Република и се заканува српскиот империјализам.Да се надеваме дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исполнат оваа засега најважна задача за спасот на Македонската Република. Да се надеваме дека и комунистичките слепци ќе прегледаат, па интересите на нацијата ке ги стават испред своите лични интереси. Од Киро Глигоров и од Васил Тупурковски, Македонија бара во овој за неа судбоносен час да застанат на страната на својата македонска нација. Нели го сторат тоа тие самите ке се запишат во списокот на предавниците на македонската нација.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.