Колега Локвенец, вие велите дека причина за протестите била одлуката на претседателот Иванов за аболиција односно дека таа била неуставна и незаконска. 15-тина минути говоревте од оваа говорница и не кажавте ниту еден член ни од законот ни од Уставот што го прекршил претседателот Иванов при носење на таа одлука. Зборувате дека тој со тоа направил да има нерамноправност на сите граѓани во државата. Да, точно! Но еве уште еднаш ве повикувам да ми кажете кој е тој што не е еднаков како сите граѓани во Република Македонија пред законот и Уставот. Кажете ми !, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев ја започна својата реплика кон пратеникот од СДСМ Локвенец.Во продолжение Данев посочи документ со кој на пратениците од СДСМ, како што кажа тој, ќе им разјасни многу работи. Имено, тој цитираше дел од изјава на еден американски претседател кој бил во идентична ситуација како нашиот претседател Иванов и ја посочи неговата превземена реакција како решение на одредена криза.
„Кажувате дека поради аболицијата, Република Македонија во моментов немала претседател. Зошто? Затоа што донел одлука за аболиција. Јас ќе цитирам еден сегмент од одреден документ кој убеден сум дека ќе ви разјасни многу работи особено за тие кои вие милувате да зборувате. Цитирам, „бидејќи судењето на обвинетите и обвинетиот треба да започне за година или две, а во меѓувреме ќе се обнови немирот и неспокојот на мојот народ и затоа што со сето ова ќе допринесеме за подолга и подлабока дебата и раздвоеност во нашето општество, јас ја носам оваа одлука за аболиција“. Ако не знаете од кој документ е ова, јас ќе ви кажам. Ова е од документот со кој што американскиот претседател Џералд Форд го аболицира својот претходник Ричард Никсон. Ова се случило во државата во која што слободата и демократијата е пред се, но државниот интерес е над се. Затоа прочитајте го образложението кое што нашиот претседател Иванов го има дадено за неговата одлука. Разликата е во едно, во тоа што американската опозиција е свесна дека визави таква одлука не треба да се протестира и да се сквернават обележјата на сопствената држава, сопствениот народ и на сопствениот идентитет. Е тука е разликата“, заврши Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение Данев посочи документ со кој на пратениците од СДСМ, како што кажа тој, ќе им разјасни многу работи. Имено, тој цитираше дел од изја