Драгана Чуприна од „Бекстејџ“ во дипломатскиот тим на МНР?!

Манекенката Драгана Чуприна ги напушта водителските води и ќе стане дел од дипломатскиот тим на Министерството за надворешни работи, ако комисијата на МНР ја прифати нејзината желба да волонтира во оваа институција.Чуприна како волонтер била примена на работа во МНР, минатиот месец, а неофицијално почнала да работи како дел од тимот во дипломатскиот сектор. Со Чуприна на работа во МНР како волонтери биле примени уште десетина други млади луѓе. Плусинфо се обиде да обезбеди информација од МНР, кога и каде бил објавен огласот за примање волонтери и зошто на МНР му било потребно да ангажира волонтери?
Драгана Чуприна само еднаш се појавила во Министерството за надворешни работи.
– Таа само изразила интерес дека сака да волонтира во МНР, не доаѓа на работа бидејќи нема основ за тоа, односно нема сè уште потпишано договор за волонтерство. Комисија треба да одлучи дали Чуприна ги исполнува критетриумите за да биде волонтер во МНР – објаснија од Министерството.

 

Драгана Чуприна до пред извесно време работеше како водителка во магазинот „Бегстејџ“ кој оди на јавниот сервис. Таа покрај манекенството, во 2011 година започна политичка кариера. На последните парламентарни избори, Чуприна беше на листата на ВМРО-ДПМНЕ во шестата, тетовско-гостиварска изборна единица. Не успеа да влезе како пратеник во парламентот, бидејќи нејзиното име беше ставено на 18-то место од вкупно 20 кандидати во таа изборна единица. Во тој период Драгана Чуприна беше дел од Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Во октомври лани Чуприна со своите млади сопартијци го прославуваше 5. октомври – Денот на насмевката, на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Извор: plusinfo.mkЧуприна како волонтер била примена на работа во МНР, минатиот месец, а неофицијално почнала да работи како дел од тимот во дипломатскиот сектор. Со

Пронајдете не на следниве мрежи: