петок, 13 ноември 2026
Најново

Драги кафеџии: Дали знаете што се наоѓа во „3 во 1“ кафињата?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Прекумерното уживање во кафето може да предизвика симптоми на физичка и психичка зависност и да има непожелно влијание врз здравјето на човекот.На пример, обичното турско кафе има низа предности. Тоа е богато со минерали, содржи Б3 витамин, го чува здравјето на мозочните клетки, има силни антиоксидативни својства, заштитува од артеросклероза и неколку видови карцином.
Истото не би можело да се каже за инстант кафето. Кафето од кесички е едноставно за подготовка, но содржината на зрното кафе е минимална, односно се употребува зрно со полош квалитет, бидејќи повеќето позитивни својства се губат во текот на термичката обработка.
При изборот на инстант кафињата, потребно е да знаете дека главната состојка е шеќерот, кој во комбинација со гликозен сируп, арома и останати додатоци, дава привлечен вкус.

Нес-кафето има најмалку кафе, односно само 9 отсто. Некои од состојките се природни регулатори на киселоста, лимонска киселина, а содржи и фосфат. Не се препорачува честа консумација.
Јакобс има најмногу кафе – 17 отсто и најмалку шеќер, односно 38 отсто. Содржи и гликозен сируп, аспартам и ацесулфам, кој веќе со години се смета за сомнителна состојка со канцерогени својства.
Анамарија и Глорија не се препорачува за луѓе кои се алергични на лактоза и млеко. Имено, Анамарија содржи фосфати на калиум и калциум. Во неа има 12 отсто кафе, но затоа пак има 40 отсто шеќер.
Во Глорија има дури 44 отсто шеќер и 10 отсто кафе. Од останатите состојки, во него има полифосфати, хидрогенизирана растителна маст и вештачка арома.На пример, обичното турско кафе има низа предности. Тоа е богато со минерали, содржи Б3 витамин, го чува здравјето на мозочните клетки, има силни а

Поврзани вести