ДРАМА И ПАНИКА: Патници почнале да се гушат во авион!

По одморот во Хургада, 135 патници требале да тргнат со авион дома, а летот бил закажан за четврток во 14:35 часот. Меѓутоа, авиониот на Австриската авиокомпанија (АУА) не пристигнал, а патниците биле вратени во хотелот кадешто преноќиле.Како што соопшти портпаролот на АУА, авионот А319 ЈЕ, на летот кон Египет се нашол среде песочна бура која била толку силна, што морале да се извршат безбедносни проверки.
Утредента, патниците прилично бесни тргнале да се качат во авионот. Но, летот повторно бил откажан откако авионот се подготвувал да полета од пистата. Кога капетанот ја отворил вратата, густ чад почнал да се шири низ авионот. Патниците почнале да се дават од чадот и настанала паника. За среќа, сите успешно биле евакуирани.
По повторниот преглед на авионот, било утврдено дека големо количество песок се наталожило во вентилацијата на авионот и од безбедносни причини била донесена одлука да се откаже летот, сѐ додека не дојде друг авион да ги собере патниците. Вознемирените патници повторно се сместени во хотелот, кадешто треба да го чекаат доаѓањето на друг авион од Виена.
Експерти треба да го проверат авионот и да го поправат дефектот кој е предизвикан од песокот.
Портпаролот на Австриската авиокомпанија изјави дека му е жал поради непријатностите, но дека станува збор за виша сила.Како што соопшти портпаролот на АУА, авионот А319 ЈЕ, на летот кон Египет се нашол среде песочна бура која била толку силна, што морале да се изврш

Пронајдете не на следниве мрежи: