Драма во соблекувалната!По срамниот пораз на македонската фудбалска репрезентација на вчерашниот квалификациски натпревар против Србија, иако неопфицијално, веќе почнаа да излегуваат детали кои ја откриваат лошата атмосфера во тимот.
Како што пишува спортскиот портал Екипа, на полувремето во соблекувалната на нашиот национален тим се случувала вистинска драма… Викотници, обвинувања, пцовки, па дури и навреди… По ова, Агим Ибраими го соблекол дресот и не сакал да продолжи да игра.
Оттаму и изјавата на Зоран Стратев на прес – конференцијата по мечот, дека „некои играчи не сакаа ниту да играат, кога резултатот тргна удолу и побараа да излезат надвор од теренот”.
Сепак, како што напоменува порталот, ова е се уште неофицијална информација, иако доаѓа директно од Јагодина, по мечот, пренесена од дел од македонските фудбалски репрезентативциПо срамниот пораз на македонската фудбалска репрезентација на вчерашниот квалификациски натпревар против Србија,