ДРАМА СРЕД ИГРАЛИШТЕ: Дознала дека мажот ја изневерува, се соочила со љубовницата, а потоа дошол тој и…

Сакала да се соочи со љубовницата на својот маж… Ја молела да го остави. Тој дознал па дивјачки и го искршил автомобилот и и направил голема штета.Се појавил одеднаш и дивјачки со чекан ударал по автомобилот. Искршил се што му дошло под рака, вака разкажуваат очевидците за несекојдневното дивјаштво  во Орјавската улица во Пожег.
Во петокот во раните вечерни часови, маж (26) со Волсваген и пожешка регистрација дошол на игралиштето на локалниот фудбалски клуб. Тој ја затекнал својата сопруга (24) која се нашла со неговата љубовница (18). Наводно ја молела да го остави нејзиниот маж со кого имала шестгодишно дете.
Но таа идеја на љубовницата не и се допаѓала и му пратила порака на својот љубовник дека седи на клупа на бетонското игралиште. За неколку минути тој дошол кај нив. Веднаш почнал да и вика на сопругата. Од раката и го извлекол мобилниот и и го треснал од асфалтот. Од него успеала да ја спаси само картичката, а додека се расправале и ги соблекол и чевлите и и ги фрлил во полето, и го земал и новчаникот во кој и биле сите документи.
Една жена која била во близина сакала да ги смири, но тоа само уште повеќе го разбеснило. Од својот автомобил земал чекан и почнал да го крши автомобилот на својата сопруга. Неговото дивеење го гледале најмалку 50 луѓе, од кои и најмалку 10 дечиња кои си играле на игралиштето.
Сето тоа го гледала и неговата љубовница која не можела да престане да плаче. Го молела да престане но тој не и обрнувал внимание…
Прочитајте што се случило во продолжение и погледнете ги фотографиите од искршениот автомобил….

Сопругата во солзи од соседите побарала мобилен и ја повикала полицијата. Мирно ги причекала а нејзиниот сопруг во меѓувреме си отишол со љубовницата. Полицијата набргу го пронашла и го привела. Му следи пријава за семејно насилство.
Неофицијално се дознава дека се работи за млад брачен пар од подрачјето на Пожег. Сопругата се сомневала дека мажот ја изневерува и одлучила да со соочи со љубовницата, која наводно нејзиниот сопруг ја запознал на Фејсбук. Штетата на Астрата е неколку десеттици илјади куни.
Kad se sastanu ljubavnica i žena by coolPickСе појавил одеднаш и дивјачки со чекан ударал по автомобилот. Искршил се што му дошло под рака, вака разкажуваат очевидците за несекојдневното дивј

Пронајдете не на следниве мрежи: