Драма во Египет – во тек е државен удар

Во Египет ситуацијата излезе од контрола. Откако поминаа 48 часа од ултиматумот кој војската му го даде на претседателот Мохамед Морси за да се повлече од својата функција, медиумите објавија дека тој е во притвот, додека пак војската ја завзеде телевизијата и побара од вработените да ја напуштата зградата.
Советникот за безбедност на египетскиот претседател изјави дека во тек е државен удар и дека се очекува војската со сила да ги растера сите оние кои се поддржувачи и приврзаници на екипетскиот претседател.
„Во денешно време ниту еден воен удар не може да успее без големо крвопролевање кога постои толкава сила на народот“, изјави советникот Ел-Хадад, пренесе Reuters.
Египетските сили за безбедност му забранија претходно на претседателот на Египет Мухамед Морси и на уште неколку некои значајни исламистички сојузници да патуваат во странство. Управата на аеродромот потврди за AFP дека доби наредба да спречи некои лидери да патуваат во странство, меѓу кои и Морси, лидерот на Муслиманско братство Мухамед Бади и неговиот заменик Каират ал-Шатер.
Египетската војска денеска ја опколи зградата на државната телевизија во Каиро, а во зградата останаа само вработените кои се неопходни за емитување на пограма во живо.
 Во Египет ситуацијата излезе од контрола. Откако поминаа 48 часа од ултиматумот кој војската му го даде на претседател

Пронајдете не на следниве мрежи: