Драма во Хрватска: Го искористила невниманието на родителите за да…

Една мајка доживеала вистински шок откако странски државјани се обиделе да го киднапираат нејзиното дете од плажата во Омиш, Хрватска.Како што јавува Јутарњи лист, во четвртокот, жената заедно со својата пријателка и нивните две деца седнале на кафе во популарното кафуле на самата плажа во Омиш. Додека разговарале, двете деца си играле во песокот. Момчето имало 2 години, а девојчето било нешто постаро.
Кога мајката на момчето станала по сладолед, девојчето дотрчало на масата и на својата мајка и рекло дека некој го зел двегодишното дете.

 
Двете жени здогледале една странкиња со истетовирани раце, како со детето се оддалечува кон паркингот. Почнале да трчаат кон неа и успеале да ја стигнат пред да влезе во автомобилот во кој ја чекале уште три лица, една жена и двајца мажи.
Веднаш и го грабнале детето од рацете, а таа само се насмевнала, влегла во автомобилот и заминала. 
Мајките во шок, воопшто не ги запишале регистерските таблички, а за случајот не пријавиле ниту во полиција. 
Кога приказната дошла до новинарите, полицајците предупредиле дека токму тоа е начинот на кој се крадат малолетни деца.Како што јавува Јутарњи лист, во четвртокот, жената заедно со својата пријателка и нивните две деца седнале на кафе во популарното кафуле на самата

Пронајдете не на следниве мрежи: