Вистинска драма се случуваше денеска на авионскиот лет од Франкфурт до Белград.Американски државјанин со име Лакен, кој е со потекло од Јордан, се обидел да ја отвори вратата од пилотската кабина во текот на летот и да го урне авионот на Луфтханза, пренесе српски Курир.
Меѓу другото, во авионот се наоѓале и играчите на ракометниот клуб „Војводина“.
„Лакен сакаше да ја отвори вратата и да создаде хаос. Цело време велеше дека тој го загуби својот ум и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Несреќата за среќа беше избегната. Лакен беше спречен од страна на играчите на ракометниот клуб Војводина и авионот безбедно слетал во Белград“, изјавил извор.
Моментално тој е на сослушувањето во полицијата.
Фото: Курир.рсАмерикански државјанин со име Лакен, кој е со потекло од Јордан, се обидел да ја отвори вратата од пилотската кабина во текот на летот и да го урне