Дваесет и пет годишниниот Д.Д. од Штип вчера попладне, околу 18 часот бил нападнат од неговиот татко С.Д. (48).Како што соопшти денеска МВР, во куќата сопственост на С.Д. во Штип, настанала расправија меѓу него и неговиот син, Д.Д. Во расправијата С.Д. земал нож со кој го бркал Д.Д., кој избегал.
С.Д. се вратил во куќата и го запалил троседот во дневната соба, искршил шише и се исекол по рацете, а потоа заминал со такси. Пожарот е изгаснат и оштетен бил мал дел од троседот.
С.Д. е приведен во полициската станица во Штип, каде му е извршено алкотестирање и констатирано е присуство на алкохол од 2,66 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициската станица во Штип до негово отрезнување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Како што соопшти денеска МВР, во куќата сопственост на С.Д. во Штип, настанала расправија меѓу него и неговиот син, Д.Д. Во расправијата С.Д. земал
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.