среда, 11 ноември 2026
Најново

Драма во Виена: Србинка прободела тројца мажи затоа што ја силувале?!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

20 годишна девојка која вчера со нож прободела тројца мажи во Виена, тврди дека истите ја силувале. Станува збор за Србинка.Според неофицијалните информации, таа и тројцата мажи се сретнале претходната вечер во еден локал, заедно отишле до неколку кафе барови, па на крај дружењето го продолжиле кај неа во стан, во кој била уште една девојка со момче, но во друга соба.
Според податоците од полицијата Петра, како што ја нарекле медиумите, најверојатно била намамена со дрога за силување. Таа изјавила во полиција дека другиот ден се разбудила и кога видела што се случило не можела да поверува, го земала ножот и ги избодела тројцата мажи на возраст од 19, 20 и 21 година.

 
Жена која живеела во зградата изјавила дека Петра често се карала со мажите кои доаѓале кај неа. Таа тврди дека и вчера ја слушнала Петра како вреска и фрла работи од станот. Додека пак парот кој бил во соседната соба вели дека не слушнале и не знаат што се случувало во станот.
Тројцата мажи се здобиле со тешки телесни повреди. Според неофицијалните информации, таа и тројцата мажи се сретнале претходната вечер во еден локал, заедно отишле до неколку кафе барови, па на крај

Поврзани вести