сабота, 28 ноември 2026
Најново

ДРАМАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОД НАДВОРЕШЕН ПРИТИСОК: Албанската национална армија најавува мобилизација!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претходно неделава, „Албанската национална армија“, терористичка група попозната под името АНА, објави заканувачко видео на кое се гледаат наоружани милитанти во маскирни униформи и скриени лица како читаат проглас за идните активности на Косово и како што тврдат „во сите албански земји“ вклучувајќи ја и Македонија, пишува „Вебтрибјун“.Оваа група се противи на Охридскиот рамковен договор, којшто заврши со конфликт помеѓу милитантите на тн. Ослободителна народна армија и македонските безбедносни сили во 2001 година.
Групата настанала во 2001 година во Македонија и во 2003 година УНМИК ја прогласи АНА за терористичка организација. АНА е поврзана со „Националниот фронт за обединување на Албанците“ кое се прогласи за „политичко крило на групата“.
Порталот „Веру Инфо“ објави репортажа со снимки и фотографии од борците на АНА.
Газменд Морина одржал и краток разговор со еден од челниците на АНА, којшто изјавил дека организацијата има распоредени сили во Албанија, Македонија, Прешевската долина и на неколку делови од Косово и додал дека групата може „многу брзо да се мобилизира“ во воена смисла.Оваа група се противи на Охридскиот рамковен договор, којшто заврши со конфликт помеѓу милитантите на тн. Ослободителна народна армија и македонски

Поврзани вести