Во пресрет на летото, еден млад човек решил со светот да сподели приказна како за малку ќе останел без пенисот на најглупавиот можен начин.Како што пренесува „Базфид“, тој решил да го посети пријателот којшто живее во Остин (Тексас). Во еден момент, неговиот пријател му предложил да одат на пливање.
-Го прифатив предлогот. Но, со оглед на тоа дека не си земав костим за капење, решивме да отидеме до супермаркетот што се наоѓаше во близина. Го избрав најевтиниот костим. Го облеков, а ги собув јапонките и тргнавме накај езерото. Се испостави дека до езерото треба да се пешачи околу километар ипол, што не ми претставуваше проблем. Додека пешачевме, повремено чувствував пецкање и непријатност во пределот на гениталиите, но не обрнував многу внимание на тоа, рекол тој.
Дошле до езерото, се капеле и подоцна тргнале да се вратат накај автомобилот.
-Во тој момент, освен пецкањето, почувствував и потреба да мокрам. Кога тргнав да го изведам тоа, во гаќите за капење затекнав страшна хорор глетка – пенисот ми беше облеан со крв, понатаму раскажал овој младич.
Како што се испоставило, гаќите имале остар пластичен дел што тој не го забележал и кој се триел од неговиот полов орган. За среќа, таа пластика ги гребела страните од неговиот пенис, а не долниот дел. Така, тој имал среќа што сериозно не си ја повредил машкоста.
-Од тој момент, па до денес, повеќе не штедам на купување квалитетен костим за капење и добро пазам да биде мек и пријатен, заклучил на крај овој „среќник“.Како што пренесува „Базфид“, тој решил да го посети пријателот којшто живее во Остин (Тексас). Во еден момент, неговиот пријател му пре



