Поранешниот претседателски кандидат Рон Пол го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека „владата од сенка“ ќе бара начин да ги уништи неговите планови за Америка.Рон Пол изјави за „Раша Тудеј“ дека Трамп мора да заземе цврст став против Новиот светски поредок за да ја задржи независноста од владата од сенка и елитата што го води Вашингтон зад сцената.
Трамп стапува на власт како човек надвор од политиката, чии правила ќе бидат обликувани од советите на неговиот политички кабинет.
„За жал, има неколку неконзервативци кои му се приближуваат на Трамп. Ако добие совети од нив, мислам дека тоа нема да биде добар знак“ – рекол Пол.
Пензионираниот конгресмен рече дека луѓето гласале за Трамп бидејќи застанал против длабоката корупција и естаблишментот, која уште повеќе е откриена при кампањата од страна на Викиликс, како и неговото неодобрување на мешање со Блискиот Исток.
„За време на кампањата, тој малку зборуваше за повлекување и помала конфронтација со Русија и тоа ми се допаѓа. Во исто време, критикуваше некои војни на Блискиот Исток. Тој смета дека би требале да ја забрзаме војната против ИСИС и тероризмот“ – истакнал Пол.
„Искрено, постои надворешен извор кој се нарекува длабока држава или влада од сенка. Тоа се многу влијателни луѓе кои се помоќни од нашата влада, нашиот претседател“ – рекол конгресменот.
Пол рече дека на Трамп ќе му биде тешко да истрае во своите политики кон НАТО. Но, тој мисли дека Трамп сепак ќе ја брани позицијата на САД во светот.
„Тој не сака да го малтретираат, така што, ако дојде до ситуација некој да нѐ малтретира во светот, неговите рефлекси ќе бидат прилично брзи и нема да бидат неодлучни, а тоа треба да ги загрижи луѓето“ – рекол Пол.Рон Пол изјави за „Раша Тудеј“ дека Трамп мора да заземе цврст став против Новиот светски поредок за да ја задржи независноста од влада