Драматично предупредување од Словенија: На Балканот му се заканува нова војна!

Loading...

Словенечкиот премиер Миро Церар во интервјуто за германски „Велт“ предупредува дека нареден бран на бегалци би можел да предизвика конфликт на Балканот.„Би требало на европските надворешни граници да се направи сѐ за Балканот да биде заштитен од конфликти и Шенгенот од распад“ – посочи тој и додаде дека ако повторно се отвори балканската рута, би избил конфликт во регионот, односно централна Европа и на западен Балкан.
Според неговите зборови, ако премногу илегални мигранти дојдат во Европа, тогаш сите земји ќе ги затворат границите, што води кон конфликт бидејќи затворањето на границите значи истовремено дека не се прифаќаат луѓе од соседните земји.
„Така настанува домино ефект. Тоа екстремно би им наштетило на стопанството и туризмот. Ако повторно почнат да доаѓаат повеќе мигранти, тогаш мораме уште построго да ја контролираме шенгенската граница. Ако Австрија ја затвори границата, тогаш сите мигранти ќе останат во Словенија. Сега е јасно дека Австрија се подготвува за тоа“ – одговорил Церар на прашањето што ќе биде ако не успее спогодбата помеѓу Турција и Австрија за примена на мерки по повод достигнувањето на горната граница за прием на баратели на азил.
Тој смета дека до тоа би можело да дојде веќе во септември и октомври, додавајќи дека одлуката на Австрија би значеле затворање на границата во рамките на шенгенскиот простор.
„Треба да направиме сѐ на европските надворешни граници за да го заштитиме Балканот од конфликти. Ако не успееме овој миграциски проблем да го решиме со заеднички напори помеѓу ЕУ и земјите од западен Балкан, тогаш немаме заедничка иднина“ – уверен е Церар.
Тој потсети на неговата иницијатива да ѝ се помогне на Грција и да се воспостави втора контролна линија на границата со Македонија. Според неговите зборови, откако Македонија ја затвори границата, Грција конечно беше принудена да преземе нешто.
„Да бидеме искрени, Грците не ги обезбедуваат доволно шенгенските граници. Понекогаш само ги пропуштаат мигрантите понатаму. Секако дека нивната ситуација е сложена, но добиваат финансиска поддршка и помош во работата на полицијата, но тие не ја користат сета помош“ – критикуваше Церар.
Истовремено, тој се заложи за тоа Македонија и Бугарија да бидат подобро финансиски поддржани.„Би требало на европските надворешни граници да се направи сѐ за Балканот да биде заштитен од конфликти и Шенгенот од распад“ – посочи

loading...